Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, политичар, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник со долгогодишен стаж во Собранието. Завршил Рударско-геолошки факултет и беше генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ – Кратово. Тој беше поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

„Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.

Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал. Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго. Нашите мисли сѐ со Вас. Нашите мисли сѐ со вас“, пишува во телеграмата со сочуство на претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

извор: Makfax