Еден пациент со Ковид-19 почина во текот на изминатото деноноќие, дознава Алсат.

Според Алсат, станува збор за лице од Куманово.

Со тоа вкупниот број на починати лица, кај кои бил дијагностициран вирусот Ковид-19, во земјава достигна 27.

Излекувани од болеста досега се 30 пациенти, а вкупно дијагностицирани случаи во државава се 599.

Инаку, тестирањето на евентуални нови случаи на заболени од коронавирус е во тек, а се чекаат резултатите од направените тестови во последниве 24 часа.

Според последните информации од министерството за здравство, во земјава досега има 599 вкупно заболени лица.

Извор: Алсат М