Интернистот  Шукри Фазлиу од Куманово е 13-ти лекар во земјава кој почина од Ковид-19, пишува АлсатМ. 49-годишниот лекар една недела бил на домашно лекување со благи симптоми. Но, надлежните велат дека во последните три дена здравстевната состојба му се  комплицирала па тој бил хоспитализиран во Клиниката за инфективни болести.

„За жал, друг колега исто така замина, како жртва на КОВИД-19. Утрово ме известија дека тој починал. Пред два дена се слушнав со него, беше на интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Тој рече дека е подобар од кога дојде на Клиника, затоа што го испративме во навистина лоша состојба, но слушнав дека имал потешкотии со дишењето, единствено што сакав е да ја надмине кризата“-изјави Снежана Захариева, директорка на кумановската болница.

Според директорката Захариева, откако неговата состојба се влошила, семејството контактирало со лекари од кумановската болница во интерното одделение, каде што работел. Во меѓувреме, од Центарот за јавно здравје во Куманово велат дека на 21 доктор и медицинска сестра од овој регион им е дијагностициран Ковид-19. Институтот за јавно здравје вели дека и во други градови имале лекари во првата линија на „фронтот“.

Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека бројот на лекарите кои починале од вирусот се зголемил на 13 а во моментов 247 лекари се идентификувани како активни случаи. Од почетокот на пандемијата, позитивно се дијагностицирани 1527 лекари, од кои 1268 се излечени.

Извор: АлсатМ