x

Почина славниот Француски голман

d1f8a353-7756-4199-8916-cb0edfc1d853

Во 58. година од животот почина прославениот Француски голман и воедно и репрезентативец на оваа земја, Бурно Мартини. Тој беше дел од стручниот штаб на Монпеље каде што беше тренер на голманите, а причината за смрта е срцев удар. Истиот му се случил за време на тренинг минатата недела, бил хоспитализиран, а потоа и починал во болница по неколку дена.

Тој во својата играчка кариера најмногу мечеви одигра токму за тимот на Монпеље како и во дресот на Оксер. За Франција бранеше на 31. меч.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата