Режисерот Миливоје Мича Милошевиќ почина денес во Белград на 91 година како последица од инфекција со коронавирусот.

Остана запаметен по тоа што ги режираше играните филмови „Тесна кожа“, „Није него“, „Берлин капут“, додека со документарците „Де Јонгови“ (1975) и „Жуљ“ (1988) беше југословенски кандидат за Оскар.

Мича Милошевиќ го режираше и документарниот филм за Бијело дугме и телевизиската серија „Тито: Црвено-црно“.