x

Почина поранешниот олимписки шампион во фрлање копје

Некогашниот олимписки шампион во фрлање копје Јанис Лусис, почина на 81-година од животот. Летонецот се натпреваруваше под капата на СССР, и освои три олимписки медали – злато во Мексико (1968), сребро во Минхен (1972) и бронза во Токио (1964).

Лусис починал како последица од долга и тешка болест.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата