Благоја Стефановски – Баге, една од најпознатите личности на македонската култура, почина денеска на 67 години. Стефановски беше болен, а потоа и позитивен на Ковид-19. Како директор на Битолскиот народен театар од 1975 до 1980 година тој ги постави основите за забрзан уметнички развој на оваа театарска куќа, која потоа со своите изведби се прослави не само на македонската туку и на југословенската уметничка сцена.

Тој беше и претседател на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, а беше и на чело на „Охридско лето“.

Благоја Стефановски стана дел и од македонската политика. Од 1994 до 1998 година беше пратеник во македонското Собрание, а од 2002 до 2006 година и министер за култура.