x

Почина поранешен играч на Јувентус

Џузепе Рица, поранешниот младинец на торински Јувентус, а подоцна играч на повеќе италијански лигаши почина на 33. годишна возраст.

Тој беше хоспитализиран пред неколку недели поради сериозна болест на мозокот, и беше во кома. Имало некакви знаци на подобрување на ситуацијата но за крајот докторите не можеле да му го спасат животот на Рица.

Откако веста за неговата смрт беше објавена многу познати играчи кои се или биле дел од Јувентус изразија сочувство преку социјалните мрежи.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата