Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека неговиот помлад брат Роберт Трамп починал во саботата навечер, ден откако претседателот го посетил во болницата во Њујорк.

„Со тешко срце изјавувам дека мојот прекрасен брат Роберт мирно замина вечерва. Тој не беше само мојот брат, туку и мојот најдобар пријател. Многу ќе ми недостасува, но ќе се сретнеме повторно. Спомените за него засекогаш ќе живеат во моето срце. Роберт, те сакам. Почивај во мир“, напиша Трамп во изјавата.

Роберт Трамп, кој имаше 71 година и беше три години помлад од претседателот, работел како градежен изведувач.

Причината за неговата смрт не е утврдена. Трамп во петокот пред новинарите изјави дека неговиот брат „минува низ тежок период“ поради непозната болест.

извор: Makfax