Мотоциклистот кој вчера учествуваше во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен, починал во Клиничката болница Битола.

МВР соопшти дека се работи за 35-годишен маж со иницијали Б.А. од село, Мојно, битолско.

Мотоциклистот вчера напладне се сури со патничко моторно возило „Митцибуши Пајеро“ со битолски регистарски ознаки. Според изјави на очевидци за „Макфакс“, мотоциклистот возел на едно тркало и неколку пати поминувал по истиот пат пред да се случи несреќата.

извор: Makfax