x

Почина легендарниот голман на Челзи Питер Бонети

Човекот кој на 729 натпревари го чуваше голот на Челзи Питер Бонети почина денеска на 78-годишна возраст. Тој го доби прекарот „мачка“ поради фантастичните рефлекси, а беше голема ѕвезда во англискиот фудбал во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век. Беше дел од англиската репрезентација која триумфираше на Светското првенство во 1966 година. Сепак, не беше меѓу диреците поради тоа што „единицата“ беше резервирана за Гордон Бенкс.

Инаку Бонети долго го држеше рекордот по број на натпревари без примен гол, а во јануари 2014 година тој рекорд го урна Петр Чех.

Во текот на кариерата Бонети бранеше уште за Сент Луис старс, Данди Јунајтед и Вокинг.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата