Во кумановската полиција во вечерните часови на 2 јули, работник во каменолом пријавил смрт на свој колега.

Според пријавата, при извршување на работи во каменоломот, 57-годишен возач од Куманово со камион-кипер, паднал во ископ.

Од лекар од Итна медицинска помош кај 57-годишниот кумановец била констатирана смрт на самото место на инцидентот.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

извор: Makfax