Како што соопшти СВР Охрид во несреќата учествувале патничко возило и мотоцикл со охридски регистарски таблички.

Од засега неутврдени причини дошло до директен судир при што тешко настрадале возачот и сопатник на мотоциклот.

Двајцата биле пренесени во охридската општа болница, каде по неколку часа на повредите им подлегнал сопатникот на мотоциклот роден 1995-тата година, додека возачот по укажаната помош со тешки телесни повреди е упатен на скопските клиники.

На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата и извесен период сообраќајот на овој патен правец беше затворен.