Џин Дич, добитник на Оскар за анимација, продуцент и илустратор на некои од култните цртани филмови со кои  растат геерации наназад како „Том и Џери“ и „Попај“ почина во четвртокот вечерта на 95-годишна возраст во неговиот стан во Прага.

Веста ја потврди нејзиниот чешки издавач, Петр Химел, пренесува Дејли Меил.

Дич, чие полно име беше Еуген Мерил Дич, има режирано 13 епизоди на омилениот детски цртан филм „Том и Џери“ и неколку епизоди од серијата „Попај“.

Живеел со сопругата и трите синови од претходниот брак во Прага. Сите негови синови  ги следат стапките на нивниот татко и станаа илустратори и аниматори.

Роден е во Чикаго во 1924 година. По кратката воена кариера, тој брзо стана препознатливо име во светот на анимациите и доби бројни признанија. Иако има работено на бројни цртани филмови и анимации, најпознати ликови се Попеј и Том и Џерери.

Неговиот филм Мунро од 1960 година ја доби наградата Академија за најдобар краток анимиран филм.