Почина актерот Дејвид Прус, познат по улогата на Дарт Вејдер во „Војна на Ѕвездите“.

Тој почина на 85-годишна возраст, пренесува РТ.

Дејвид Чарлс Прус беше бодибилдер, кревач на тегови и познат британски актер.

Тој беше најпознат низ целиот свет по неговото физичко портретирање на Дарт Вејдер во оригиналната трилогија на „Војна на Ѕвездите“.