Почина возач на автопатот Гостивар- Тетово: Телото на обдукција
Вчера во 22,40 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар- Тетово после „Неготинска петла“, Б.Ј. (26) од с.Топлица-о.Врапчиште, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот.
Во незгодата возачот починал на местото на настанот.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.