Роберт Трамп, помладиот брат на американскиот претседател, почина вчера во болницата во Њујорк по сериозно заболување на 71-годишна возраст. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговиот помлад брат починал „во мир“.

“Тој не беше само мојот брат, туку и мојот најдобар пријател. Тој ќе биде во моите мисли засекогаш. Ќе ми недостасува, но повторно ќе се сретнеме”, напиша Доналд Трамп, кој го посети својот брат во болницата само еден ден порано и им рече на новинарите дека Роберт Трамп е сериозно болен. .

Не се наведува која е причината за смртта, но медиумите потсетуваат дека помладиот брат на претседателот поминал десет дена во јуни во болницата „Монт Синај“ во Њујорк.

Според некои извори, Роберт Трамп имал изливи во мозокот како резултат на неодамнешниот пад.

За разлика од неговиот постар брат, Роберт Трамп ги избегна медиумите и јавноста за време на неговиот живот и водеше семеен бизнис на недвижнини.

Тој е две години помлад од Доналд Трамп и најмал од петте деца на Фред и Мери Ен Трамп.

Најстариот брат, Фред rуниор, почина од алкохолизам во 1981 година, а претседателот Трамп има и две сестри, Елизабет и Меријем.