x

Почина Благоја Стефановски, долгогодишен директор и претседател на РК Пелистер

ksksk

Поранешниот претседател на РК Еурофарм Работник (подоцна Еурофарм Пелистер), децениски директор на Пелистер во деведесеттите години од минатиот век и еден од најголемите ракометни заљубеници во Битола и Македонија, Благоја Стефановски-Баге почина денес на 67-годишна возраст.

Клубот на својата официјална страница се прости од својот долгогодишен функционер и испрати сочувство до семејството.

Стефановски е роден во Битола на 7 март 1953 година. Заедно со Силјан Мицевски се наоѓаше во раководечкиот тим кој ги оствари најголемите успеси во ракометниот спорт во Битола. Има немерливи заслуги уште во југословенската лига, како директор дел е од скоро сите титули во македонското првенство, трофеите од националниот Куп, полуфиналето на Купот на националните Куп победници.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата