Американскиот сенатор Џон Мекејн почина на 81 година од животот, соопшти неговата канцеларија. Неговата сопруга и семејството биле покрај него кога починал.

Мекејн со години се бореше со агресивен рак на мозокот. Тој во петокот ја напушти болницата поради напредно ширење на канцерот.

Мекејн 6 пати беше сенатор, поранешен воен затвореник и два пати кандидат за претседател.

извор: Makfax