Актерот Боб Ајнштајн, добитник на наградата Еми и креатор на „Супер Дејв Озборн” почина на 2 јануари во 76-годишна возраст. Причина за смртта се последиците на ракот, неодамна дијагностициран од страна на лекарите. Тажната вест ја потврди неговиот брат, актерот Алберт Брукс (71).

„Почивај во мир драг брате Боб Ајнштајн. Ти беше одличен брат, татко и сопруг. Брилијантен и смешен човек. Секогаш ќе ни недостигаш“, напиша Алберт на социјалните мрежи.

Боб има снимено голем број филмови, од кои најпознати се „Тринаесеттемина на Оушн” и „Модерна романса”. Неговата хумористична серија „Супер Дејв” се прикажуваше четири години.

Тој глумеше во филмови како „Изгубени во Америка” и „Муза”, и го позајми гласот за бројни цртани филмови.

Негова прва љубов беше актерството, но тој исто така се занимаваше со пишување сценарија. Во својата долга кариера тој освои две награди Еми и тоа како сценарист.

извор: Makfax