Во полициската станица Аеродром од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ во стан има починато лице Т.К.(41).

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, информираат од МВР.

извор: Makfax