Во последните 24 часа се направени 2562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на ковид-19 и тоа 324 во Скопје, 43 во Куманово, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-21, Струга-27, Велес-26, Битола-23, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-32, Гевгелија-17, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-19, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-8, Виница-2, Делчево-8, Кратово-4, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-11.  

Починати се 26 лица, најмногу, односно седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79190, бројката на оздравени пациенти е 56099, на починати е 2340, а бројот на активни случаи изнесува 20751.