На погребот на 62-годишен маж од Шабац, за кој се претпоставува дека починал од коронавирус, имало само пет лица. Причината за ваквото мало последно испраќање е во Уредбата на Владата, со која се дефинира мерка за забрана за собирање на група од повеќе од пет лица.

– Синот на починатиот М.Ш. добил наредба за изолација од дома на 27 март под сомнение дека починатиот бил заразен со вирусот корона. Тој, по препорака на докторот од инфективната клиника, се наоѓал во самоизолација уште од 25-ти кога го сместил својот татко во клиниката, како и остатокот од семејството, полицијата издала решение за домашна изолација на лицата кои биле во контакт со починатиот во претходниот период.

Овој 62-годишен маж починал во Општата болница „Шабац“, д-р Лаза К. Лазаревиќ, и по неговата смрт е утврдено дека има коронавирус, според прес-конференцијата во Шабац. Точната причина за смрт, сепак, засега е непозната.

Сепак, епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и претседателот на Србија Александар Вучиќ на две одвоени прес-конференции изјавија дека нема потврда дека овој за пациент немало утврден коронавирус пред да почине.

Како што на прес-конференција објасни Бранко Вујковиќ, директор на Институтот за јавно здравје Шабац, пациентот имал неколку хронични заболувања, а „по неговата смрт, утврдено е дека имал корона вирус“. На прашањето дали овој пациент се смета за осма смрт на вирусот, д-р Вујковиќ рече дека „не може да тврди дека причина за смртта е само вирусот“.

Тој повтори дека тестот, кој пристигнал по смртта на пациентот, потврдил дека починатиот е позитивен за короната, но исто така истакна дека мажот страдал од други сериозни хронични заболувања.