Настанот, кој се одржа во паркот спроти кавадаречката полиција, беше во организација на интернационалниот тим при Младинскиот центар „Креактив” од овој град.

– Многу игри и музика им нудиме на кавадарчани, а особено на младите, се со цел да го поминат забавно и корисно своето слободно време. На повеќе штандови се нудат најразлични активности. Посетеноста покажа дека на градот му недостигаше вакво нешто.

За сето ова да биде како што треба се погрижија волонтери од Македонија, но и од други земји, изјави Елена Данова, асистент координатор во Центарот.

За сите посетители беше организирана и лотарија со награди. Од “Креактив” најавија дека манифестацијата ќе стане традиционална.