Филмскиот фестивал во Сараево ќе биде домаќин на француската актерка Изабел Ипер, на која ќе ѝ биде доделено почесното „Срце на Сараево“ за нејзиниот извонреден придонес во филмската уметност.

Изабел Ипер е филмска и театарска актерка која во текот на својата петдецениска кариера соработуваше со познати режисери како Мајкл Ханеке, Клод Шаброл, Жан-Лик Годар, Ото Премингер, Бертранд Таверние, Бертранд Блер, Клер Денис и Пол Верхофен.

извор: Makfax