Состојки
1 кг сладолед од ванила
брашно
2 јајца
1/4 чаша млеко
презла
масло
Начин на подготовка
Изматете ги јајцата и соединете ги со млеко. Со црпалка за сладолед направете топчиња од добро замрзнат сладолед. Набрзина извалкајте ги во брашно, потоа ставете ги во смесата со млеко и јајца, потоа извалкајте ги во презла и вратете ги во замрзнувач за да се да се стегне добро. Во тавче загрејте поголема количина масло и кратко пропржете ги топчињата сладолед, додека не се зацрвени презлата. Исцедете ги од мрснотијата и послужете ги со прелив од топло чоколадо.