x

Потроши пола милијарда евра за дефанзивци, а тие примаат по 5 гола на домашен терен!

gvardiola

Манчестер Сити потроши повеќе од 440 милиони евра за купување на дефанзивци откако тренер на тимот е Пеп Гвардиола и пак дозволува да прима по 5 гола на мечевите во Премиер лигата. Откако вчера загуби дома од Лестер со 5:2, вицешампионот во Премиер лигата објави потпис на договор со дефанзивецот на Бенфика, Диас, вреден 65 милиони фунти.

Ако се погледне наназад, целосниот список на набавки на играчи за одбрана на „граѓаните“ во ерата на шпанскиот стратег е следен: Џон Стоунс (52,2 милиони евра), Бенџамин Менди (57,2 милиони евра), Кајл Вокер (49,5 милиони евра), Емерик Лапорт (62,7 милиони евра), Данило (29,1 милиони евра), Анхелињо (12,1 милиони евра), Жоао Кансело (66 милиони евра), Натан Аке (45,1 милиони евра) и Рубен Диас (68,2 милиони евра). Вкупно – 442,1 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата