Додека министерот Филипче уверува дека ситуацијата е под контрола, на социјалните мрежи се појавуваат се повеќе потресни сведоштва за загубени личности од коронавурист поради хаваријата на здравствениот систем. Такво е и сведоштвото на Тања Бурник која директно му се обраќа на министерот Венко Филипче кое ви го пренесуваме во целост:

„Венко Филипче, солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40 години, кој се бори за живот на респиратор, не ми дозволуваат да ти се обратам со „почитуван“, „господин“, „Вие“ или „министер“, во кој верувавме, освен со едно обично Венко Филипче.

Повели, дојди, посети ги децата, па така смирено увери ги дека „сѐ е под контрола“ и дека повторно ќе бидат во прегратките на својот татко, бидејќи ние не знаеме како тоа да го сториме, а ти си умешен во убедувањето „сѐ е под контрола“.

На нас, фамилијата, која со денови го гледа хорор филмот, кажете ни дека пациентите доцна се јавуваат на лекар!!!!!

Имено, според убиствените протоколи кои се донесени, е постапено пријавувањето во ГОБ, каде што со мал наод на белите дробови и „не е страшно“, утредента на Инфективна клиника да биде критично, а за само 4 дена во Клинички центар, да се бара спас во приватна клиника.

Не, не, Венко, пациентот не е јавен доцна, туку пациентите се хоспитализираат предоцна поради хаваријата на здравствениот систем.

Ништо не е под контрола, напротив, твоето „сѐ е под контрола“ убива луѓе. Ги убива срцето и душата на блиските и надежта на децата дека повторно ќе се радуваат со својот татко.

Од твоето „сѐ е под контрола, сега ни преостанува само на Господ да се молиме.

Ќе спиете ли мирно до ГОЛЕМИОТ СУД, каде што ќе се мерат солзите и тагата на децата, а и на други деца досега!!!!???“ пишува Тања Бурник на Фејсбук

Венко Филипче, солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40 год., кој се бори за живот на респиратор, не…

Posted by Tanja Burnik on Понеделник, 16 ноември 2020