Според членот на ДИК Јанакие Витановски, со Правилникот е предвидено на референдумот да имаат право на изјаснување и граѓаните кои ги има во Избирачкиот список, а не живеат во Република Македонија.

Правилникот предвидува и јавен увид во Избирачкиот список што ќе трае 15 дена.

Првичните резултати од референдумот треба да бидат објавени 24 часа по завршувањето на гласањето, а тој ќе се смета за успешен доколку на него излезат повеќе од половината од запишаните во Избирачкииот список.

Потпретседателката на ДИК Дитмира Шеху изрази несогласување со начинот на организирање на изборите односно изјаснувањето на дијаспората имајќи предвид колку средства се трошат од државата за оваа намена. Таа ги повика граѓаните кои сакат да се изјаснат на референдумот да дојдат во Македонија и да гласаат.

Елизабета Апостоловска, член на Комисијата, рече дека ДИК испратила писмо до МНР за да се утврди екипираноста во диппломатско-конзуларните претставништава и да се види дали може да се намалат трошоците за изјаснување на дијаспората за референдумот