Лидерите на Етиопија и Еритреја потпишаа договор дека војната меѓу овие две држави официјално е завршена. Мировниот договор го прекина конфликтот од 1998 година, кој почна поради прашање за границите.

Декларацијата за крајот на конфликтот беше потпишана во Асмара, главниот град на Еритреја, по состанокот на претседателот Исаиас Афеверки и премиерот на Етиопија, Аби Ахмед. Станува збор за прва средба меѓу двете земји по речиси две децении.

Двете земји се договорија да ги обноват трговските и дипломатските врски. Лидерите се согласиле дека почнува нова ера на мир и пријателство.

извор: Makfax