x

ПОТПИШАНО: Барселона доби фантастично засилување!

Еден од најдобрите плејмејкери на Евролигата Ник Калатес го напушти Панатинаикос после осум сезони и се пресели во Барселона. Грчкиот репрезентативец стави потпис на тригодишен договор со каталонскиот гигант.

Калатес во два мандати ги бранеше боите на Панатинаикос, прво од 2009 до 2012, а потоа и од 2015 па до сега. Ја освои Евролигата во 2011 година.

Исто така играше и за Локомотива Кубањ со која го освои Еврокупот во 2013 година, а беше член на НБА екипата на Мемфис.

Инаку Калатес во последните три сезони беше лидер на Евролигата во асистенции и моментално е втор на вечната листа. Исто така тој е рекордер по број на асистенции во еден меч од плеј-офот со 16.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата