x

Потпишаа со Робињо, почнаа да им откажуваат спонзорите, па решија да го откажат трансферот!

robinjo

Пред една недела, Сантос го објави трансферот на Робињо, поточно неговото трето враќање во бразилскиот гигант. Се изгледаше како убава приказна, особено што Робињо за својот роден клуб реши да игра и за минимална плата (околу 270 долари месечно).

Но, во реалноста, сè не беше толку убаво.

Веднаш по објавата на трансферот, поради тоа што Робињо е обвинет за силување, својот спонзорски договор со Сантос го раскина еден од партнерите на клубот, мрежа стоматолошки ординации.

„Нашата публика е претежно женска и поради почит кон жените кои купуваат наши производи, моравме да донесеме одлука. Сакаме да разјасниме дека претходно не бевме информирани за потпишувањето на Робињо, бевме изненадени од оваа вест минатиот викенд“, изјави шефот на мрежата клиники, Ричард Маграт.

Ова ги „освести“ првите луѓе на клубот, откако стигнаа најави и за други откажувања на спонзорските договори. Договорот со 36-годишниот Робињо веднаш е раскинат.

„Фудбалскиот клуб Сантос и Робињо, со заеднички договор, одлучија да го прекинат договорот потпишан на 10 октомври, за играчот да може да се концентрира на заштита на сопствените интереси во случајот, кој сега се разгледува во Италија“, се вели во соопштението.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата