Наместо стандардниот оброк, денес испробајте нешто поинакво. Потпечените палачинки се идеални за викенд појадок или вечера, кога сакате нешто вкусно, сочно а брзо.

Потребни состојки:

10-12 палачинки
100g шунка или салама по избор
200g изрендан кашкавал
1 јајце
200ml јогурт
Кечап и оригано по желба

Подготовка:

Најпрво палачинките испечете ги по овој рецепт.

Секоја палачинка премачкајте ја со кечап, ставете исечкана или изрендана шунка и 1-2 лажци кашкавал.

Замотајте ги сите палачинки и наредете ги во огноотпорен сад за печење.

Излупете го јајцето, додајте го јогуртот и прелијте ги палачинките. Додајте кечап и оригано по желба.

Печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени.

Послужете додека се топли.

На здравје!