Научниците регистрирале бран со висина од 23,8 метри во јужната хемисфера на Земјата, што може да се спореди со зграда висока осум ката. Се верува дека станува збор за највисокиот бран во овој дел на Земјата, регистриран досега.

Големиот бран бил забележан во вторникот со помош на специјални пловни инструменти наменети за собирање разновидни податоци, за време на силна бура која ги погодила водите во близина на Антарктикот. Бранот бил регистриран во близина на островот Кемпбел, околу 700 километри јужно од Нов Зеланд.

Се претпоставува дека бурата предизвикала повеќе бранови високи околу 25 метри, но инструментите што снимаат на секои три часа по 20 минути, не успеале да ги регистрираат. Инаку, најголемиот бран во историјата се појавил по земјотресот во Алјаска во 1958 година. Потресот предизвикал цунами што создало големи бранови од кои највисокиот бил 30,5 метри.

извор: Makfax