Шест члена на екипажот се водат како исчезнати откако рибарски брод потонал крај брегот на канадската провинција Нова Шкотска, соопшти спасувачката служба.

Бродот го повикал Центарот за спасување во Халифакс за помош во вторникот во 5:50 часот, по локално време. Спасувачките екипи ги пронашле остатоците од бродот во морето, каде што имало бранови од два метра и силен ветер.

извор: Makfax