Бродот за превоз на стока „Кралица Хинд“ тежок 3.785 тони и натоварен со 14.600 овци делумно потона откако исплови од романското пристаниште Миди, соопшти полицијата.

Еден морнар паднал од бродот, но е спасен од крајбрежната стража, пренесуваат романските агенции.

Засега нема информации за овците.

извор: Makfax