Потерница по Кадијевиќ
Хрватската министерка за правда Ана Ловрин завчера попладне и официјално потпиша согласност за распишување меѓународна потерница против поранешниот министер за одбрана и командант на ЈНА, Вељко Кадијевиќ. Со потерницата, која е испратена до сите 186 членки на Интерпол меѓу кои и САД, се бара негово израчување и судење во Хрватска, која го товари по три обвиненија за воени злосторства.