x

Потег за срамота, Турам плукна противник и доби исклучување (ВИДЕО)

428e4c69-c25d-46d9-86c8-b958e0c1a32e

Дека професионалните фудбалери кои играат на највисоко ниво, имаа обврска да се однесуваат во скллад со околностите во кои се наоѓаат е општо позната работа. Сепак, од време на време некој од нив ќе направи глупост која сите ќе не зачуди.

Како на пример, Маркус Турам, францускиот интернационалец во Борусија Менхенгладбах кој во на синоќешниот меч против Хофенхајм кој патем беше загубен со 2:1 плукна противнички играч, за што нормално доби црвен картон. „Жртва“ Маркус Пош, кој како и сите присутни беше шокиран од потегот на младиот французин.

Ова се случува за време на пандемија кога фудбалот низ целиот свет направи огромни напори за да се рестартира, а на Турам очигледно дека тоа ама воопшто не му е важно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата