Во Франција е потврден шестиот случај на коронавирус, соопштија денеска извори од здравствените служби.

Франција минатиот петок потврди три случаи на инфекција со коронавирус, по што следеа и четвртиот во вторникот и петтиот во средата, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Бројот на загинати од коронавирус во Кина се зголеми на вкупно 170, според Националната здравствена комисија.

Бројот на заразени, пак, достигна 7.711 иако валастите се сомневаат дека има уште околу 12.000 непотврдени случаи.

Покрај во Кина, вирусот последниве неколку недели се прошири уште во најмаклу 15 земји, пренесе Би-би-си.

извор: Makfax