ПОТВРДЕН КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА МАКЕДОНИЈА
Кредитната рејтинг агенција “Стандард и Поорс” го потврдила доделениот кредитен рејтинг на Македонија ББ + со стабилен изглед за странска валута и БББ- со стабилен изглед за домашна валута, поддржан со подобрувањето на политичката стабилност, континуитетот во спроведување на реформите, економскиот раст, прудентната фискална политика и намалување на јавниот долг. Агенцијата очекува дека претстојните избори нема да го нарушат континуитетот на спроведените реформи, како и макроекономската стабилност и фискалната дисциплина. (В.М.Б.)