x

ПОТВРДЕНО: Херта го претстави својот нов голгетер – Пјонтек

Кшиштоф Пјонтек од денеска е нов играч на Херта Берлин. Напаѓачот, кој досега ги носеше боите на Милан, се сели во главниот град на Германија со перманентен договор.

Полјакот потпиша договор на 4,5 години, а берлинчани платија рекордна сума во историјата на клубот за да го донесат робусниот напаѓач во својот тим.

По вчерашните интензивни преговори во Милано, постигнат беше договор Пјонтек за вкупна сума од 27 милиони евра да се пресели во „сино-белите“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата