x

ПОТВРДЕНО: Медисон потпиша нов 4-годишен договор со Лестер

maddison

И покрај бројните шпекулации за негово заминување од редовите на „лисиците“, Џејмс Медисон денеска потпиша нов 4-годишен договор со екипата на Лестер. Како што објавија од клубот, фудбалерот кој дојде во Лестер од Норвич Сити во јуни 2018 година и беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата во својата дебитантска сезона, реши да остане верен на својот актуелен клуб.

Тој постигна 16 гола во сите натпреварувања за Лестер минатата сезона и сериозно го доби потребното внимание од големите англиски клубови. Занего најзагреан беше Манчестер Ј., но можноста за трансфер на „Олд Трафорд“ пропадна.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата