x

ПОТВРДЕНО: Двајца репрезентативци на Грузија се позитивни на Ковид-19!

geo-kovid

Фудбалската федерација на Грузија предмалку и официјално потврди дека Хвича Кварацхелија е позитивен на коронавирусот. Покрај него, позитивен тест има и Леван Шенгелија, фудбалерот на турски Коњаспор.

Двајцата играчи се во изолација и ќе бидат под надзор на лекарски тим, објавија од тамошната Федерација.

„Според протоколот на УЕФА, два дена пред официјалниот натпревар се одржа задолжително тестирање и на играчите и на службените лица на тимот. Резултатите од овие тестови, во согласност со протоколот, му се дадени на раководното тело на европскиот фудбал. Тестот на 10 ноември покажа позитивен резултат кај двајца играчи. Повтореното тестирање на Хвича Кварацхелија и Леван Шенгелија го потврди вирусот. Играчите, според протоколот, се во изолација и ќе бидат под надзор на лекарски тим во наредните денови“, потврдија од Грузиската федерација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата