x

Потврдено враќањето на Кари на паркетот

По неколку месечна пауза поради повреда Стивен Кари в недела официјално се враќа на паркетот, потврди неговиот тим Голден Стејт Вориорс.

Првата ѕвезда на Вориорс ја пропушти речиси комплетниот прв дел од сезоната по повредата на раката, но тоа е минато и тој е подготвен да се врати во игра.

Неговиот кам-бек ќе биде на први март против Вашингтон, а враќањето во игра и тоа како ќе му значи на Голден Стејт, кој со оглед на тоа дека се и без Клеј Томпсон, во моментов се најслабата екипа на лигата со скор 12-46.

Кари има одиграно само четири натпревари оваа сезона и е во просек од 20 поени по натпревар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата