Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје-3, Прилеп-6, Струга-1, Велес-1 и Виница-1. Починати се две лица од Скопје и Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3701, бројката на оздравени пациенти е 1694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1836. По завршени епидемиолошки анкети и евидентиран еден контролен резулатат, последната дистрибуција по градови е следна:

•       Скопје 1676, активни 1040
•       Куманово 620, активни 202
•       Дебар 56, активни 5
•       Штип 232, активни 192
•       Прилеп 226, активни 25
•       Тетово 336, активни 165
•       Струга 115, активни 39
•       Велес 149, активни 28
•       Битола 30, активни 3
•       Охрид 55, активни 38
•       Кавадарци 6, активни 1
•       Гостивар 56, активни 33
•       Гевгелија 7, активни 3
•       Струмица 7, активни 4
•       Крива Паланка 8, активни 2
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 3, активни 0
•       Кочани 54, активни 23
•       Пробиштип 11, активни 9
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 3, активни 0
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 4, активни 3
•       Виница 3, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 7, активни 6
•       Кичево 3, активни 1
•       Ресен 3, активни 3
•       Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1045 теста се преку: ИЈЗ –353 , ЦЈЗ Скопје-23, Авицена –152, Биотек -95, Жан Митрев (Филип Втори) –166, Систина со PCR метода –114 и МАНУ -142.  Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера – (бројката по општини може да подлежи на измени со оглед на тоа што од вчера сеуште не се завршени сите анкети)

•       Чаир-235
•       Бутел-88
•       Аеродром-87
•       Гази Баба-89
•       Центар-87
•       Карпош-79
•       Сарај-75
•       Кисела Вода-52
•       Ѓорче Петров-39
•       Шуто Оризари-29
•       Студеничани-25
•       Арачиново-30
•       Илинден-20
•       Петровец-7
•       Чучер Сандево-6
•       Сопиште-3
•       Странец-2
•       Неутврден-2