x

Постигна гол за историја, па си отиде од „Камп Ноу“ со такси и кеса од маркет

pedri

Младиот, 17-годишен играч за врска на Барселона, Педри, за само 20 минути по дебито во Лигата на шампионите за Барселона, влезе во историјата на клубот и на натпреварувањето. Со неговиот прв погодок за Барса во победата над Ференцварош (5:1), тој му се придружи на својот врсник и соиграч Ансу Фати, со тоа што станаа првата двојка од еден клуб во Лигата на шампионите која со само 17 години успеала да постигне гол на меч во најсилното натпреварување.

Сепак, овој историски подвиг на Педри беше фрлен во сенка со неговото заминување од стадионот. Педри е толку зрел за ЛШ, но во исто време и толку млад затоа што се уште не вози автомобил, па од „Камп Ноу“ си заминал со такси.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата