Турција и Русија потпишаа договор за формирање на заеднички центар за следење на примирјето во Нагорно-Карбах, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Тој го изјави тоа во говорот пред пратениците на неговата владејачка партија АКП во парламентот, откако вчера руските мировни сили беа распоредени во Нагорно-Карабах, пренесува „Ројтерс“.

Претходно беше постигнат договор за шестнеделно примирје меѓу Ерменија и Азербејџан.

извор: Makfax