Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 21 лице за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење, донесена со цел сузбивање и спречување на ширењето на заразна болест. Во часовите кога движењето е забрането, тие биле затекнати на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

Јавните обвинители за секој од обвинетите предложија парична казна од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

извор: Makfax