-На изборниот процес се гласа се додека некој кандидат не добие барем две третини од гласовите. Ако тоа не се случи по 30 гласања, се избира со просто мнозинство Ватикан има јасно утврдена процедура за верификација на смртта на папата. Кога Папата ќе умре префектот на Папството, во случајов бискупот Џејмс Харви, го известува коморникот на папата, функција што сега ја врши кардинал Едуард Мартинез Сомало, кој мора да ја верифукува смртта на понтифот. На чинот на верификација присуствуваат и шефот на протоколот на Светата столица, тоа сега е надбискупот Пјер Малини, членовите и секретарот на Апостолскиот совет. По утврдување на смртта на папата секретарот на Апостолскиот совет издава сертификат. По ова коморникот го известува римскиот викар, кој потоа ја објавува смртта на папата. Во меѓувреме, префектот на Папството за смртта го известува Камерленгото, односно шефот на Соборот на кардиналите, кој за тоа ги информира членовите на Соборот, амбасодорите акредитирани во Ватикан и шефовите на држави и влади на странски земји. Шефот на Соборот на кардиналите сега е кардиналот, Јозеф Рацингер. Камерленгото го води изборниот процес и е привремен вршител на папските должности до изборот на нов папа. По објавувањето на смртта на папата, Камерленгото ги запечатува апартманите на понтифот и се грижи за погребот, четири до шест дена по смртта. По смртта на папата Камерленгото се грижи да не бидат скршени папскиот печат и прстен. Пред погребот телото на папата се положува во три ковчези од кипарис, олово и бука и се изложува пред ужалените верници. Со векови новиот папа обично е кардинал, иако теоретски секој возрасен римокатолик може да биде избран за папа. Изборниот процес почнува 15 до 20 дена по смртта на папата. Соборот на кардиналите се грижи за водењето на Римокатоличката црква и за изборот на нов папа. Кардиналите од целиот свет доаѓаат во Ватикан за да гласаат за избор на нов папа, а право на глас имаат тие кои се помлади од 80 години. Тие за време на изборите престојуваат во Домот на Света Марта, што се наоѓа во составот на Ватиканскиот комплекс. Во рамките на изборите, секој кардинал гласа тајно на процес во Систинската капела. Соборот избира тројца кардинали на функцијата асистенти на легалноста на изборниот процес. Секои три дена се избираат нови асистенти. По броењето на гласовите, ливчињата се горат со хемикалии што го прават чадот црн или бел. На изборниот процес се гласа се додека некој кандидат не добие барем две третини од гласовите. Ако тоа не се случи по 30 гласања, се избира просто мнозинство. Ливчињата потоа се горат со хемикалија што прави бел чад, што значи дека е избран новиот папа. Кога избраниот кандидат ќе ја прифати функцијата, висок кардинал излегува на балкон пред плоштадот “Свети Петар” во Ватикан и извикува “Хабемус Папа”