Астронаутите на НАСА, Ендру Морган и Џесика Меир, како и рускиот астронаут Олег Скрипочка денес се вратија од Меѓународната вселенска станица на Земјата по повеќе од 200 дена во вселената и пронајдоа сосема друга планета, од таа која ја напуштија долго пред пандемијата со коронавирусот.

Поради мерките против ширење на коронавирусот, тие исто така ќе имаат невообичаено и исцрпувачко патување до дома од казахстанските степи, каде успешно слетале, пренесува Ројтерс.

Наместо спасувачкиот тим да ги однесе до најблискиот аеродром, тројцата астронаути чија капсула слета недалеку од градот Џезкаган поради блокада во провинциите во Казахстан, ќе мора да патуваат до Бајконур, станица за лансирање која Русија ја изнајмува од Казахстан, изјави Вјачеслав Рогожников, руски федерален директор на медицинско-биолошката агенција.

Оттаму, тие ќе патуваат 300 километри до градот Кзилорд, каде ќе се качат на авион од НАСА и тој пат ако се додаде нивноото време ќе изнесува 205 дена.

Според Би-Би-Си, спасувачите биле во строг карантин и се верува дека биле тестирани од коронавирусот пред излезат од капсулата веднаш по нивното пристигнување на планетава.

– Сосема е надреално да го гледате како се расплетува на Земјата под нас. Оттука, Земјата изгледа како зачудувачка како и обично, па затоа е тешко да се верува во сите промени што се случија уште откако заминавме “, рече Меир.